29.12.2019

73 роденден на знамето на Народна Република Македонија

Основата на дизајнот на македонското знаме произлезе од Советувањето на Генералниот штаб на Национално ослободителните партизански единици на Југославија во Столице во 1941 година. Ова ги постави темелите на партизанските единици на Југославија, создавајќи основа за идната државна унија со Македонија како составен дел. Партизанските единици беа дефинирани како борбени единици на народите на Југославија, а анивните ознаки беа дефинирани како црвена петокрака ѕвезда, заедно со националното знаме. Ова наредба го даде генералниот концепт на воената ознака – национално знаме плус црвена петкрака ѕвезда, што ќе стане новиот концепт на националните знамиња на републиките во Федерацијата. Во овој документ не се споменуваше Македонија и нејзиното знаме, но овој концепт подоцна се рефлектираше за време на дизајнирањето на македонското знаме.

Во летото 1942 година, за прв пат се дискутираше за дизајнот на македонското знаме на состанокот на Генералштабот на народно-ослободителните партизански единици на Македонија, кога командантот, Михајло Апостолски, се подготвуваше да влезе во битка предводејќи ги партизанските единици. Тој рече: „Партизанските единици треба да веат знаме. И какво ќе биде знамето? “По анализата на знамињата на Илинденското востание од 1903 година, беше избрано црвено знаме.

Во партизанската база во главниот штаб на партизанските одреди на Македонија во Лопушник, Кичево, во согласност со одредбите за партизански знамиња од советувањето во Столице, македонското знаме беше црвено со црвена петкрака ѕвезда во центарот, орамена жолто-златно. Овој дизајн, испишан со имиња на воените единици, стана урнек за воени знамиња. Сепак, понекогаш ѕвездата беше во кантон, како што се гледа фотографија од Кичево во март 1943 година.

Знамето на Народна Република Македонија е за првпат утврдено во член 4 од првиот устав од 31 декември 1946 година:

Државното знамето на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.

Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на ѕвездата се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето. Горниот крак на ѕвездата е насочен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се насочени спрема долната линија од должината на знамето. Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.