7.3.2017

Документарна серија за симболите на Македонија на МРТ

Македонската радио телевизија започна со емитување на документарна серија „Симболите на Македонија во споредба со другите земји“. Серијата во 9 епизоди ги обработува симболите, хералдиката и вексилологијата на Македонија, како низ историјата така и денес.

Серијата ќе се емитува на МРТ 1 во 17.45 часот.

Во серијата учествуваат и членовите на Македонското хералдичко здружение: Јован Јоновски, Иван Нацевски и Коста Стаматовски.

Преземено од heraldika.stamatovski.com