27.8.2011

Меѓународни активности 2011

Во периодот непосредно по излегувањето од печат на четвртиот број на гласникот „Македонски Хералд“, продолжија активностите на МХЗ со промовирање на хералдиката како и останатите помошно-историски науки вексилологијата, фалеристиката и така натаму.
Во тие насоки беа организирани неколку предавања.Меѓудругото, предавање одржа Проф. д-р. Иван Балта од Филозофскиот факултет во Осијек, на тема „Основи на симболиката и иконографијата“. Предавањето се одржа во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и предизвика голем интерес. Во Охрид на 12 0ктомври 2010 година во клубот „Има време“ основно предавање од областа на хералдиката одржа претседателот на МХЗ Јован Јоновски. Исто така во првата седмица од декември 2010 хералдичарот Стојанче Величковски во Подрачното основно училиште „Илинден“ во село Конопница, Крива Паланка одржа предавање за значењето и процесот на креирање на симболите додека учениците имаа можност во воспоставената on-line комуникација да поставуваат прашања во текот на креирањето на симбол на своето одделение. Овој проект, во конкуренција на повеќе од 400 наставници и 137 основни училишта од Република Македонија ја освои првата награда за најиновативни одделенски наставници и училишта.
Од 12 до 17 септември 2010 година се одржа 29. меѓународен конгрес на генеолошки и хералдички науки во Штудгарт, Германија. На овој конгрес учество зема и МХЗ при што на 14.09.2010, во Штутгарт, на Генералното Собрание на Интернационалната Конфедерација за Генеологија и Хералдика (CIGH), господинот Мишел Тејар д`Ери, претседател на CIGH, го прогласи МХЗ за полноправна членка на CIGH.
Беа реализирани и неколку гостувања во телевизиски и радио емисии. На ТВ МТМ во два наврати свое гостување имаше претседателот на МХЗ Јован Јоновски, по повод приемот на МХЗ во CIGH.
Исто така, во „Ноќна програма“ на Македонското Радио на 28.02.2011, гостуваше хералдичарот Стојанче Величковски, при што беа опфатени темите за хералдиката во Македонија, македонските грбови, месната хералдика, постапката на креирање на лични и семејни грбови, како и актуените активности на МХЗ.

24 Конгрес на Меѓународната федерација на вексилолошки друштва (FIAV) кој ќе се одржи oд 1 до 5 август 2011 во Вашингтон, САД.  Во текот на конгресот ќе се одржи и Генералното собрание на кое Македонското хералдичко здружение треба да биде примено во полноправно членство. Пред кандидатурата да биде разгледана ќе биде извршена презентацијана на МХЗ.

(Македонски хералд број 5, 2011)