2.6.2017

Одбележување на 10 Јуни – Меѓународниот ден на хералдиката

Македонското хералдичко здружение, по повод 10 Јуни – Меѓународниот ден на хералдиката ги организира следниве предавања:

Иван Нацевски
ПРИПИШАНИТЕ ГРБОВИ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ. СОЗНАНИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ

Јован Јоновски
МАКЕДОНСКАТА ХЕРАЛДИЧКА МИСЛА ВО СВЕТЛОСТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХЕРАЛДИКАТА

Предавањата ќе се одржат на 9 јуни 2017 година, во „Метаноја литературно кафе“ (Максим Горки 19), со почеток во 19.00 часот.

Како дел од програмата за одбележување на Меѓународниот ден на хералдиката предвидена е и посета на споменикот на Христофор Жефарович на Кеј Димитар Влахов.