Персевант Брегалнички
На Македонското грбословно друштво

Заведен под број 5/2018 на 20.7.2018 година

Блазон

Сино, на брег сребрена тврдина со три кули, во основа два сини брановидни ремени. Над секоја кула по една осумкрака златна ѕвезда. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки

Блазон
Иван Нацевски

Емблазон
Иван Нацевски

Симболика

Двата брановидни ремена ја претставуваат реката Брегалница. Брегот е асоцијација со името на реката, а тврдината ги претставува двете главни историски упоришта во текот на истата. Имено, станува збор за градот Штип односно дрвено Астибо и градот Баргала. Трите златни ѕвезди се асоцијација на градот Струмица односно неговото прво познато историско име Астрајон.