11.2.2020

Во САД објавена книга за македонските симболи

Во издание на Флаг херитиџ фаундејшн (Flag Heritage Foundation), од Денверс, Масачусец излезе книгата „Сонцето и лавот како симболи на Република Македонија – Хералдичка и вексилолошка анализа“ од Јован Јоновски, Претседателот на Македонското Грбословно Друштво.

Книгата претставува скратена верзија на докторатот објавен кај нас со наслов „Сонцето и лавот како симболи во македонската хералдика и вексилологија“ која е достапна во Икона, Матца Ексклузив и Литература.мк