10.8.2017

25 години „Денес над Македонија се раѓа“ – државна химна на Република Македонија

На првото продолжение на 41 седница оддржано на 11.8.1992 година, практично без дискусија е избрана „Денес над Македонија се раѓа“ за државна химна на Република Македонија. Иако беше официјална химна на СР Македонија, сепак таа стигна како предлог на распишаниот анонимен конкурс за грб, знаме и химна на Република Македонија!