11.8.2017

25 години од неизгласаниот официјален предлог за грб на Република Македонија

Откако Уставната комисија на чело со Тито Петковски, не бендиса ни еден од пристигнатите предлози на конкурсот за грб, знаме и химна на Република Македонија, ги задолжи трите избрани автори да понудат грб и знаме со исто сонце. Така, ова е единствениот предлог, од Уставна комисија, кој влезе во собраниската процедура, откако ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа предлогот на Тодор Петров истото 16 крако сонце од знамето да се најде на грбот. Предлозите со лоав никогаш не беа поддржани  од Уставната комисија, задолжена за процесот на избор на грб, знаме и химна. На прваото продолжение на 41 седница одржана на 1.8.1992, во вжештената дискусија, воопшто не се ни гласаше за предлог за грб.

Јован Јоновски