16.9.2017

Другиот предлог за знаме 1995

Предлог за кого се залагаше коалициониот партнер во Сојузот за Македонија, Либералната Партија, претставен на 22 септември 1995. Сепак беше изгласан предлогот на Социјал-демократскиот  сојуз, дизајнот на проф. др. Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет – актуелното знаме усвоено на 5 октомври.

Во 1995 година, кога Република Македонија е притисната од ембаргото наметнато од страна на Грција, Македонската Влада во процесот на нормализација на односите со Република Грција ja потпиша Привремената спогодба на 13 септември во Њујорк, според која Македонија: „ќе престане да го користи на каков било начин, симболот прикажан на нејзиното национално знаме до пред влегувањето во сила на оваа Спогодба“.

Јован Јоновски