21.12.2011

Доделување Медали за храброст

Претседателот Иванов за првпат го додели Медалот за храброст ги тоа на г-дин Сами Нуредини за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во спасување човечки живот при тешки и опасни услови oд надојдените води на реката Вардар.

Со Медал за храброст за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во извршување на поставените задачи при екстремно тешки и опасни услови во акцијата за извлекување на загинатиот рудар од рудникот „Бучим“ ги одликува потполковник Орце Јордев, мајор Драганчо Војнески, мајор Димче Велков, постар водник Стојче Стоилов, постар водник Зоран Ристов и водник Зоран Трајков.