Александар Матковски и албанската хералдика - Aleksandar Matkovski and Albanian Heraldry
DOI:
https://doi.org/10.47763/mher2219014jAbstract
Статијата на Александар Матковски „Албански грбови во минатото“ објавена на албански јазик во Приштина 1969 година, на 69 страница со 27 илустрации, најверојатно е прво дело за албанската хералдика. Матковски статијата ја подготвува во период кога ја подготвува и книгата “Грбовите на Македонија – прилог кон македонската хералдика”, од која и го црпи најголемиот дел од материјалот. Се повикува на изворите во кои го бара и го наоѓа и македонскиот грб, а во кој е присутен или грб на Албанија или на семејството Кастриоти(ќ) и Дукаѓини(ќ). Дополнително има само уште три дела: Животот на Скендербег од Барлети од 1508-10, Благородништвото во кралството Далмација од Фридрих Хајер од 1873 година, и Благородништвото во Хрватска и Славонија од Иван Бојничиќ од 1899 година. Двете последни се всушност делови од Големиот и општ грбовник на Јохан Зибмахер. Во секој случај, како со македонската хералдика така и со албанската ќе поминат повеќе од четири децении по делата на Матковски пред да се појават нови и продлабочени познавања на овие теми. Ова го прави Матковски вистински пионер и визионер во неговата научна работа.
Downloads
Published
How to Cite
Issue
Section
License
Copyright of the articles remains with the author.
By submitting the article the author allows Macedonian herald (Macedonian Heraldic Society) to publish it in the printed version, and on its website and on Open Journal System, and other social media under
Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International (CC BY-NC-SA 4.0) CC BY-NC-SA 4.0