Александар Матковски и албанската хералдика - Aleksandar Matkovski and Albanian Heraldry

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.47763/mher2219014j

Апстракт

Статијата на Александар Матковски „Албански грбови во минатото“ објавена на албански јазик во Приштина 1969 година, на 69 страница со 27 илустрации, најверојатно е прво дело за албанската хералдика. Матковски статијата ја подготвува во период кога ја подготвува и книгата “Грбовите на Македонија – прилог кон македонската хералдика”, од која и го црпи најголемиот дел од материјалот. Се повикува на изворите во кои го бара и го наоѓа и македонскиот грб, а во кој е присутен или грб на Албанија или на семејството Кастриоти(ќ) и Дукаѓини(ќ). Дополнително има само уште три дела: Животот на Скендербег од Барлети од 1508-10, Благородништвото во кралството Далмација од Фридрих Хајер од 1873 година, и Благородништвото во Хрватска и Славонија од Иван Бојничиќ од 1899 година. Двете последни се всушност делови од Големиот и општ грбовник на Јохан Зибмахер. Во секој случај, како со македонската хералдика така и со албанската ќе поминат повеќе од четири децении по делата на Матковски пред да се појават нови и продлабочени познавања на овие теми. Ова го прави Матковски вистински пионер и визионер во неговата научна работа.

Биографија на авторот

Jovan Jonovski, Macedonian Heraldic Society

President and Chief Herald of Macedonian Heraldic Society

Преземања

Објавено

2023-01-31

Како да се цитира

Jonovski, J. (2023). Александар Матковски и албанската хералдика - Aleksandar Matkovski and Albanian Heraldry. Македонски хералд, (19), 14–25. https://doi.org/10.47763/mher2219014j

Издание

Секција

Рецензирани статии

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2 3 > >>