28.10.2015

Symbols of Macedonia

IMG
Издавачката куќа Силсон во октомври 2015, ја објави книгата Симболите на Македонија, каде на 376 страни со преку 600 илустрации се претставени симболите на Македонија и нивниот развој.
Познавањето на симболите е од неизмерно значење за секоја земја. Ова најлесно се согледува во фактот што практично нема земја во светот без знаме, грб и химна. Изучувањето на хералдиката и вексилологијата е од државно значење во целиот цивилизиран свет. Македонија има огромно историско и културно богатство преплавено од најразлични симболи. Делото Симболите на Македонија од Јован Јоновски несомнено претставува камен темелник на современото истражување и проучување на македонските симболи како низ историјата така и денес. Во него се разработени речиси сите аспекти од развојот и примената на симболите во Македонија. Делото опфаќа семиотика – теоријата на симболите, хералдика – наука за грбовите, вексилологија – наука за знамињата, химнологија – за химната и фалеристика – за медалите и ордените.
Она што особено го прави ова дело значајно е неговиот сериозен, сеопфатен и строго научен пристап кон хералдиката и вексилологијата. Во таа смисла делово претставува прво дело во македонската наука од овој обем кое се занимава со хералдиката не како некаква помошна историска дисциплина туку онака како што е исправно, имено, како самостојна мултидисциплинарна наука која во себе опфаќа историски, културолошки, социјални и правни односи меѓу грбовите со нивните грбоносци и грбовите меѓу себе. За ова сведочи делот на живата хералдика претставен од месно – хералдичкиот систем на Македонското хералдичко здружение и личната хералдика и секако, обидот сериозно да се обработи и пообемен терминолошки материјал.
Јоновски со своето дело прави сериозен придонес во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија со што на најдостоен начин го продолжува она што беше започнато од Александар Матковски во втората половина на минатиот век. Особен интерес за македонсктата наука претставуваат грбовите на кралот на Македонија како и грбовите на Александар Македонски чије овдешно претставување е резултат на голгогодино истражување.
Делото е напишано на научно – популарен стил и изобилува со илустративен материјал што го прави пристапно и исклучително интересно четиво. Во него се наоѓаат многу одговори во врска со симболите на Македонија, но истото покренува и нови со што создава основа за нови понатамошни научни истражувања.

IMG
Silsон Publishing House in October 2015 published the book Symbols of Macedonia, where on 376 pages with over 600 illustrations are presented the symbols of Macedonia and their development.
Knowing the symbols is of immense importance in each country. This is most easily seen in the fact that virtually no country in the world is without a flag, Coat of arms and anthem. The study of heraldry and veksillology is of national importance in the whole civilized world. Macedonia has a vast historical and cultural heritage of different symbols. The book Symbols of Macedonia by Jovan Jonovski undoubtedly is a cornerstone of modern research and study of the Macedonian symbols throughout history and today. It covered almost all aspects of the development and usage of symbols in Macedonia. The work includes semiotics – theory of symbols, heraldry – the science of coats of arms, Vexilology – the science of flags, himnology – the anthem and phaleristics – for ordeers and medals.
What particularly makes this case significant is his serious, comprehensive and rigorous scientific approach to Heraldry and veksilology. In this way the book is the first work in the Macedonian science of this volume which deals with heraldry as a kind of auxiliary historical discipline but as of rightfull independent multidisciplinary science that itself includes historical, cultural, social and legal relations betwee armigers and their arms, and arms among themselves. A witness to this is the part of living heraldry represented in the civic heraldic system of the Macedonian Heraldry Society and personal heraldry and of course, serious attempt to handle terminology and sturdier material.
Jonovski with his work makes a serious contribution to the study of the historical development of the arms of Macedonia with the most dignified manner continues what was started by Aleksander Matkovski in the second half of the last century. Of special interest is the representation in the macedonian science of the Arms of the King of Macedonia and the arms of Alexander of Macedonia which is the result of long research.
The piece is written in scientific – popular style and rich with illustrations that makes accessible and extremely interesting reading. It brings a lot of answers about the symbols of Macedonia, but it raises new and thus creates the basis for new further scientific research.