Македонско хералдичко здружение
Здружение од Скопје кое се занимава со хералдика, вексилологија, фалеристика и сродни дисциплини

Заведен под број 1/2004 на 1.10.2004 година

Блазон

Црвено, сребрен хипокамп кој држи вкрстени златни перо и палка. Штитот окрунет со златна хералдска круна, а зад вкрстени две златни хералдски палки. Над штитот голема црвена мантија, поставена сребро, окрунета со златна хералдска круна.

Блазон
Јован Јоновски

Емблазон
Јован Јоновски

Симболика

Хипокампот е симбол кој му се припишува на Александар Македонски, а хералдската палка и перото се симболи на хералдскиот занает.