Персевант Пчински
На Македонското грбословно друштво

Заведен под број 6/2018 на 20.7.2018 година

Блазон
Расечен на сино и црвено, два брановидни ремена, обратно обоени, врз сè искорнато дабово дрво, сребрено. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.

Блазон
Иван Нацевски

Емблазон
Иван Нацевски

Симболика

Двата брановидни ремена ја претставуваат реката Пчиња која е и главен извор на останатата симболика на грбот. Имено, река Пчиња тече од планината Козјак чиј највисок врв е Перен (Перун), а се влива во Катланово односно меѓу Скопје и Велес. Токму оваа географска дуалност меѓу старословенските богови Перун и Велес беше основа за избор на дабот како свето дрво за сите индоевропски богови громовници. Така, крошната на дабот го симболизира Перун односно небото, а корењата Велес односно подземјето. Расечувањето на штитот на две бои ја симболизира вечната борба меѓу овие две божества.