Симболи на Република Македонија

Според Уставот на Република Македонија, член 5  вели: Државни симболи на Република се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република се утврдуваат со закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот пратеници.

Грб на Република Македонија

Грбот на Република Македонија е усвоен на на 16 ноември 2009 година, со донесување на Законот за грб и знаме на Република Македонија (Службен весник бр 138 од  17 ноември 2009 година).

Всушност, ова претставува само отстранување на црвената петокрака ѕвезда од грбот на Народна Република Македонија од 1946 година.
Во членот 2 на законот е опишан грбот:
(1) Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви.
(2) Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.
Додаден е и нов член, член 3, кој вели:
Ликовно-графичкиот приказ на грбот на Република Македонија е составен дел на овој закон.

Повеќе за грбот на Република Македонија

Знаме на Република Македонија

Знамето на Република Македонија е утврдено на 5 октомври 1995 година, со усвојување на Законот за знамето на Република Македонија (Сл. Весник на Р. Македонија бр.47/95 од 06.10.1995 година).

Дотогашното знаме е сменето во согласност со времената спогодба, потпишана со Република Грција, со која Република Македонија се обврза да не го користи симболот на 16 крако сонце од Кутлеш (Ѕвездата од Вергина).

Членот 2 од тој закон вели:
Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.

Во членот 3 стои:
Ликовно- графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.

Повеќе за знамето на Република Македонија

Химна на Република Македонија

Химната на Република Македонија е усвоена на 11.8.1992 година. Тоа е истата химна на Социјалистичка Република Македонија која се користи од завршувањето на Втората  светска војна.  Текстот е  напишан од Владо Малевски на крајот од 1941  а нотнио ттекст од Тодор Скаловски 1943 година.

Текстот гласи:

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Повеќе за химната на Република Македонија