Генеалогија

Генеалогија – родословие (од грчки: γενεαλογία генеалогија „правење педигре“) е проучување на семејства, семејната историја и трагање на нивните лози. Генеалозите користат усни интервјуа, историски записи, генетска анализа и други записи за да добијат информации за семејство и родословиетo на нејзините членови. Резултатите честопати се прикажуваат во графици или се пишуваат како наративи.

Записот за генеалошка работа може да биде претставен како „генеалогија“ или „семејна историја“. Во тесна смисла, „генеалогија“ ги следи потомците на една личност, додека „семејната историја“ ги следи предците на една личност, но двата поими често се користат наизменично. Семејна историја може да вклучува дополнителни биографски информации, семејни традиции и слично. Истражувањето на генеалогијата се изведува и за научни или форензички цели.

Потрагата по семејна историја може да има повеќе мотиви, вклучително и желбата да се изгради место за своето семејство во поголемата историска слика, чувството на одговорност да се зачува минатото за идните генерации.

Собирањето, систематизирањето и поврзувањето на семејните врски лежи во основата на создавањето на семјното стебло. Македонското грбословно друштво ги препорачува услугите на myheritage.com за создавање на онлајн стебло како и нивниот софтвер Family tree builder.  Доброто е што на овој схјат постојат милиони корисници кои веќе имаат семејни стебла и што овој сајт може да помогне во градењето на вашето стебло препознавајќи ваши роднини кои веќе некој друг ги внел.

myheritage.com е бесплатен за стебла до 250 членови додека постојат и платени сервиси. Можете да добиете 14 дена бесплатна употреба на сите сервиси, но препорачуваме најнапред да го започнете своето стебло и да пополните колку можете повеќе.