Фалеристика

Фалеристика (овој термин исто така се среќава како Phaléristique, Faleristics, Falerystyka или Phaleristics, од латинскиот phalera) е помошено историска наука која ги изучува ордените и медалите, односно одликувањата и нивните системи (наградните системи во различни земји, како на пример британскиот награден систем (the British honors system), Рускиот награден систем (Наградной системы России) или Јапонскиот награден систем (日本の名誉システム) и така натаму.

Полето на интерес на Фалеристиката, исто така се протега и на проучување додатоците за ордените и медалите, како што се ленти (ribbon sashes) и минијатурни лентички (ribbon bars), како и доделување сертификати, дипломи и уверенија за доделените одликувања, а исто така ги проучува и статутите на ордените. Фалеристиката ги проучува одликувањата од нивниот историски и социолошки аспект, како и од аспект на историја на уметноста.

Покрај ордените и медалите, фалеристиката исто така ги проучува и останатите обележја и симболи кои се тесно поврзани со одликувањата, како што се значки и иглички (badges and pins) создадени воглавно за цивилна употреба. Конечно, под поимот фалеристика може да се дефинираат активности на полето на собирање на одликувања, односно колекционерство на ордени и медали.