Аикидо клуб Агатсу
Аикидо клуб од Куманово

Заведен под број 2/2015 на 17.4.2015 година

Блазон

Штит
Црвено, на сребрена рондела црвен трискел/тројник, на сребрено чело три црвени прстена.

Челенка
Јапонска порта „тории“, портокалова со црни основи и покрив, од портата виси натпис АИКИДО со црни канџи букви.

Мантија
Црвено поставено сребрено.

Девиза
Масакатсу Агатсу (со јапонски канџи букви)

Девиза на македонски
Вистинската победа е победа над себе

Блазон
Иван Нацевски

Емблазон
Иван Нацевски