Општина Радовиш
Грб на урбана општина

Заведен под број 3/2013 на 8.11.2013 година

Блазон

Штит
Сребрено, црвен радовишки крст, штитот орамнен градобрански црвено

Круна
Бедемска круна со две странични правоаголни кули и една средишна кула со порта поставени на дијадема, сето златно

Венец
Зелено тутуново лисје обвиткано со црвено-бела декоративна лента

Блазон
Иван Нацевски, Стојанче Величковски и Александар Гижаровски

Емблазон
Иван Нацевски, Стојанче Величковски и Александар Гижаровски

Симболика

Радовишкиот крст е редок и специфичен вид на крст кој се наоѓа на олтарната надворешна фасада на црквата св. Илија во Радовиш. Во блазонот и емблазонот на грбот е претставен стилизирано како симетричен и целосен крст, без подножје. Ваквиот крст претставува раритет и карактеристика доволно препознатлива да биде поврзана само со Радовиш и неговата околина. Од друга страна како дел од живото културно-историско наследство на општината истиот го поврзува грбот со минатото давајќи му на тој начин посебна вредност.

Градобранската мурална (ѕидана) композиција на обработ од штитот претставува симбол на урбана средина, во конкретниов случај го потенцира градскиот карактер на седиштето на општина Радовиш.

Бедемската круна доплнително го зацврснува градскиот статус на Радовиш. Со својата отворена пората круната симболизира слободна и непречена трговија, а со златната боја благосостојба и напредок како и изобилството со бакарна руда.

Венецот од тутуново лисје ја претставува најзначајната култура одгледувана во општината по која е и прочуена на далеку.

Црвената и белата боја кои доминираат во грбовната композиција ги претставуваат најчестите бои во македонската народна носија, а воедно и крвта за македонската слобода и надежта за подобра и посветла иднина.