Општина Свети Николе
Грб на урбана општина

Заведен под број 7/2014 на 31.12.2014 година

Блазон

Штит
На лево закосен зелено и златно, крст од пастирски стапови обратно обоен.

Круна
Златна бедемска круна со три кули ѕидана златно, на средишната кула порта.

Венец
Златни житни класови преплетени со зелена лента со златен ширит.

Блазон
Стојанче Величковски

Емблазон
Стојанче Величковски

Симболика

Надежта дека Овчеполието ќе биде дарежливо и на светиниколчани ќе им подари богата реколта е основната одредница од која е преземен колоритот на боите според хералдичкото значење: зелената – бојата на надежта и златно-жолтата – бојата на дарежливоста, што во потполност одговара на најпрепознатливата карактерна особина на Св. Никола.

Светиниколскиот крст е составен од по два паралено поставени пастирски стапа (крљуга) кои што се поставени така да на сите четири страни крстот наликува на рогови на овен, што го симблизира и визуелно го лоцира Свети Николе како центар на Овчеполието.