Постапка за заведување на грб во регистарот на Македонското хералдичко здружение

1. Петиционерот поднесува барање на стандарден формулар – Петиција.

2. Доколку се бара заведување на грб по основ на наследство, како и заведување на хералдички измени на грбот, кон барањето се приложува и дополнителна документација со која се докажува основот врз кој се темели барањето.

3. На барањето се врши хералдичка анализа.

4. При позитивен одговор од хералдичката анализа грбот се внесува во регистарот на грбови на Македонското хералдичко здружение, за што се издава извод од регистарот.

5. Изводот од регистарот е придружен со матрикула.

6. Петиционерот е должен сам да го приложи емблазонот кој ќе влезе во матрикулата, освен ако е избрана техника за изработка на матрикулата која бара специфично изработен емблазон.

7. Заведениот грб во регистарот на Македонското хералдичко здружение се објавува во следниот број на официјалниот гласник на Македонското хералдичко здружение, „Македонски хералд“, како и на официјалната веб страница на Македонското хералдичко здружение.

8. Врачувањето може да биде изведено и во посебна церемонија, по барање на петиционерот.

Преземете Петиција за заведување на хералдичко достигнување подолу.
Документот можете да го пополните електронски.

Петиција за заведување на
лично/семејно хералдичко достигнување

Петиција за заведување на
корпоративно хералдичко достигнување

 
 
 

Правила за заведување на грб во регистарот на Македонското хералдичко здружение

1. Заведување на грб во регистарот на Македонското хералдичко здружение се врши само на хералдички грбови кои ги задоволуваат хералдичките правила, вклучувајќи го и правилото на уникатност и непретенциозност.

2. Во регистарот на Македонското хералдичко здружение се заведуваат само граѓански грбови и не се признаваат странски титули и симболи на ранк.

3. Македонското хералдичко здружение ги признава само ордените и медалите на Република Македонија.

4. Сите дополнителни параферналии, како и аугментации и знаци на каденција мора да бидат документирани при заведувањето во регистарот на Македонското хералдичко здружение.

5. Македонското хералдичко здружение го задржува правото да не изврши заведување на грб во регистарот на Македонското хералдичко здружение.

6. Регистарот на Македонското хералдичко здружение има својство на јавен документ.

7. Македонското хералдичко здружение издава извод од регистарот и во својство на доказ на сопственост на даден блазон.

8. Изводот од регистарот на Македонското хералдичко здружение нема статус на јавна исправа и не е доказ за правниот или некој друг статус на армигерот.

9. Доколку армигерот го злоупотребува блазонот, во смисол на употреба на измени и надополнувања на блазонот кој е веќе заведен, тоа може да доведе до бришење од регистарот на Македонското хералдичко здружение.