Хералдички фигури

Фигурите што се користат во хералдиката се многу и не е можно да се состави еден целосен список. Крстот, лавот и орелот се најчесто употребуваните фигури а воедно и претставници на групата крстови, животни и птици.

Генералната поделба на хералдичките фигури може да се сведе на оваа поделба:

  1. 1. крстови, оваа категорија е подетално разработена,
  2. 2. животни, тука спаѓаат и водоземци, влечуги и инсекти,
  3. 3. птици,
  4. 4. митски животни, животни што живеат во митовите и легендите, често комбинација од две животни, како грифон, пегаз и слично.
  5. 5. хуманоиди, луѓе и митски суштества со човечки карактеристики, како ангели, сирени и слично, како и митски во што едната фигура е човечка.
  6. 6. небесни тела, она што се наоѓа на небото, сонце, месечина, ѕвезди, облаци и слично.
  7. 7. растенија, разни растенија, но и хералдичките форми од нив и разни традиционални графички претстави инспирирани од растенија.
  8. 8. оружје, разни одбранбени и напаѓачки видови оружја, вклучувајќи и тврдини и делови на тврдини од древноста и средниот век.
  9. 9. секојдневни предмети, разни предмети врзани со секојдневниот живот на човекот.

Секојдневните предмети можат да се поделат дополнително на:

  1. 1. градби, разни објекти, цркви, мостови, ѕидови, воденици и слично.
  2. 2. поморски објекти, разни пловни објекти и опрема за навигација.
  3. 3. Облека и капи, делови од облека, капи вклучително и капи и круни симболи на ранг и позиција.
  4. 4. Алати, разноразни алати за сите древни занаети.
  5. 5. Музички инструменти, древни и средновековни инструменти.
  6. 6. Разно, други секојдневни предмети и објекти неспомнати погоре.

Во табелите на следните страници се дадени претставници на овие групи и подгрупи, кои се само пример од многуте обичните хералдички фигури.

Поголемиот дел од фигурите имаат и дополнителни атрибути. На пример, животните можат да ги имаат атрибутите споменати кај лавот. Растенијата можат да бидат прикажани како гранка или, пак, искорнати, кога е прикажано целото стебло зедно со коренот, или пак, со исечено стебло. Растенијата можат да бидат прикажани и со плодови.