Грбови на Македонското грбословно друштво

Грб

Грбот на Македонското грбословно друштво има три хералдички претстави: мал, среден и голем грб.

Малиот грб на друштвото е со блазон: на црвен штит, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни.

Средниот грб на друштвото е со блазон: на црвен штит, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот хералдска круна. Позади штитот две вкрстени хералдски палки.

Големиот грб го преставува средниот грб обвиен со црвена мантија поставена со сребро, крунисана со хералдска круна.

Грбови на хералди

Главниот хералд го користи средниот грб на друштвото: на црвено, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот круна на главен хералд на МГД. Зад штитот вкрстени две палки на главен хералд.

Хералд Вардарски на црвено, шест брановидни ремена, сини, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.

Хералд Еригонски: на пурпурно, винова лоза со плод, сето златно, во основа два брановидни ремена, сребрени. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.

Персевант Пчински: расечен на сино и црвено, два брановидни ремена, обратно обоени, врз сè искорнато дабово дрво, сребрено. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.

Персевант Бегалнички: сино, на брег тврдина со три кули, сето сребрено, во основа два брановиднни ремени, сини. Над секоја кула по една осумкрака ѕвезда, златна. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.
.