14.9.2003
Македонско Хералдичко Здружение
Македонското Хералдичко Здружение ја започна својата работа на 15.8.2003, со влегување во судскиот регистер за Здруженија на граѓани и фондации, како единствената организација од областа на хералдиката во Република Македонија.
Цели на Македонското Хералдичко здружение се:
- Популаризација на хералдиката,
- Истражување на хералдичкото наследство во Македонија,
- Изработка на грбови, знамиња и одликувања,
- Оформување на хералдички регистер во кој ќе се заведуваат стари и нови грбови, и негово ажурирање,
- Едукација од областа на хералдиката
- Издавачка дејност.
Македонското Хералдичко Здружение има секции за Генеологија, Сфрагистика, Фалеристика, Вексилологија, Нобиларистика и Шивалристика.