17.5.2010

Изложба на семејни стебла во Музеј на Македонија

Меѓународниот ден на музеите 18 мај, Музеј на Македонија традиционално го одбележува sсо повеќе настани во сабота, 15 мај во 20:00 часот во големата сала ќе биде отворена изложбата “Семејни стебла”(15 maj e Meѓународен ден на семејството), а ќе биде презентиран и проектот “Ранохристијанска уметност на територијата на Македонија” – дела на учениците на Интернационалното средно училиште работени под раководство на професорот Теон Џинго, а во соработка со Лена Ангелковкса, музејски едукатор. Во постојаната поставка на Етнолошкиот музеј во одделот Народно стопанство ќе биде поставен нов амбиент на “Стопански двор – гумно”. Во рамиките на одбележувањето на Денот на музеите на 20 мај, четврток во 12 часот во кино салата наМузејот на Македонија ќе биде промовирано најновото издание на Зборник – Историја број 3..

Изложбата “Семејни стебла” ги бележи семејните хронологии во изминативе три века, таа е сведоштво на длабоко вкоренетите семејни темели и вредности на општествениот, економскиот и културниот живот на овие простори. На изложбата ќе бидат прикажани 39 семејни стебла: Аџиевци, Аницин,Тоешеви-Кареви, Дртковски, Коку, Капмаре, Прокопиеви, Балабјан, Чепрганови, Димковци, Филиповци, Гечеви, Хаџи Лега, Букле, Бомбол, Бунтески, Дика, Сима, Фрчковски, Груеви, Кокалевци-Ѓурчинови, Кирлиу, Личоски, Рубен, Османли, Топуковски, Зографски, Бајрам, Тавитјан, Влашки, Настеви, Миќуновиќ, Милачиќ, Новичиќ, Ераковиќ, Мирчеви,Топуз-Матковски, Жунгуловци, и Поп Арсов, кои преставуваат историски извор и семејна меморија визуелно пркажана како семејни стебла со оргиналини фотографии. Проектот е идеја на директорката Мери Аницин Пејоска, а се состои од собирање и заедничка презентација на веќе истражените семејни стебла, кои преставуваат посебен вид културно наследство, при што се водеше сметка за застапеноста насите етноси во Македонија.

Музејот упатува голема благодарност до оние самосвесни граѓани кои ги чуваат и негуваат старите албуми и сведоштва од заборав. Раководителот на проектот Виолета Ѓорѓеска виш кустос и историчар на уметност и самата долгогодишен истражуваш на темата, успешно ги обработи овие податоци и ја подготви презентацијата, заедно со Боро Бунтески, кустос историчар и ликовен соработник и дизајнер Гордана Георгиевска и тимот од музејот.

Отварајќи ја оваа изложба на веќе истражени семејни стебла, Музејот на Македонија највува натамошно истражување на ова поле и во соработка со заинтересираните семејства збогатување на збирката “Семејни стебла”. Музејот изразува надеж дека изложбата “Семејни стебла” ќе го поттикне интересот на граѓаните да ги истражат своите семејни корени.