Изборот на грб и знаме на Република Македонија 1992
По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, за усвојување на грб и знаме беше формирана работната група за координирање на активностите за изработка на државните симболи, која на 25 март распиша конкурс за избор на идејни решенија за грбот, знамето и химната.
На 5 јуни јавно се објавени делата на трите автори за кои комисијата смета дека треба да се најсоодветни, што се смета за јавна дебата за што се оставени оставени 3 дена.
Шифрата „МАКО“ со предлог на грб каде на црвен штит е поставено сонцето од досегашниот грбот, каде сонцето е прикажано во е со помал диск во средината и сонце со 16 тенки дивергентни зраци. Предлогот за знамето е бело знаме со трикажан грб со црвени и жолти појаси над и под грбот. Другата варијанта е со истиот дизајн но белата боја заменета со жолта, и третиот предлог за знаме црвено и жолто поделено по левата дијагонала.
Шифрата „5222“ со предлог базиран на досегашниот грб, со тоа што на црвен штит е преставено жолто изгрејсонце над сини бранови. Дадена е и верзија во со црна апликација на сонцето и брановите на црвен и на жолт штит. Под штитот црвена лента со текст Македонија. Предлозите за знаме се црвен дел при копјето, на некои верзии има на други нема апликација на грбот, и со различни комбинации на три и четири и пет хоризонтални црвени и жолти или бели полиња.
Шифрата „Феникс 92“ е со грб со разгневен лав во неколку комбинации на бои: златен лав на црвено или црно поле, и црн лав на црвено поле. Над главата на лавот круна. Предлогот на знамето е дадено во три варијанти во црвено бела боја, без апликација на грбот. Едното е хоризонтално поделена, другото е на вертикално стропило. Третото е комплексно уметничко знаме.
Но Уставната комисија покрај овие предлози реши да се има друг предлог со сонце на знамето, кое не е воопшто не е понудено од никој од трите избрани автори. Тоа е црвено знаме со сонце во жолта боја со 32 зраци со соодветен предлог за грб, со истото сонце на црвен штит. Под штитот се наоѓа лента со текст Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше со овој предлог и бараше на знамето да е аплицирано друго сонце, со 16 зраци, и грб со златен лав на црвен штит.
На 4 август Уставната комисија го прифати предлогот за знаме со сонце со 16 краци, и грб со истиот дизајн. На 41 седница од 11 август 1992 година, знамето со 16 кракото сонцед е усвоено за знаме на Република Македонија. Покрај предлогот за грб на Уставната комисија, експертската влада на Никола Кљусев поддржа предлог, штит со црвено поле со златно-жолт лав, исправен на двете задни нозе и свртен кон десно со мала трокрака круна на главата и со двокрака опашка свртена нагоре.
На седницата по жестоката расправа, воопшто не дојде до гласање за предлозите за грб. Во текот на август 1992 година имаше уште неколку обиди за договор за решение за грбот. Во игра беше компромисно решение – лав со сонце над штитот.
На последната седница на Комисијата на 25 август се гласаше за амандманите за грб со лав и со сонце, но беа отфрлени и со тоа остана официјалниот предлог за грб со 16-крако сонце. Бидејќи не беше постигнат договор, 41 седница со предлогот за грбот никогаш не продолжи, и со тоа грбот никогаш не се усвои.
Забелешка: сликите се реконструкција на Јован Јоновски според објавите во медиумите
(Извадок од: Јован Јоновски, „Изборот на државните симболи на Република Македонија 1992 година“, Македонски Хералд бр 10, 2016.)