д-р Иван Нацевски
Д – р Иван Нацевски е роден во 1985 година во Куманово каде го завршува своето основно образование. По завршување на средното стручно медицинско училиште во Скопје студира стоматологија во Пловдив кадешто и дипломира во 2010 година.
Специјализира на Стоматолошкиот факултет во Скопје под менторство на проф. д – р Никола Гиговски.
Во 2009 година станува член на Македонското хералдичко здружение (МХЗ) и активно учествува во неговата работа. Хералдика учи под водство на д – р Јован Јоновски при што активно се интересира и занимава со хералдика. Особен интерес покажува во областа на воената и месната хералдика, како и фалеристиката.
Нацевски извршува неколку функции:
- Потпретседател и Вардарски хералд на Македонското грбословно друштво,
- Секретар на уредувачкиот одбор на Македонски Хералд,
- Член на стручен совет на Македонското хералдичко здружение во текот на неговото постоење.
Вработен е како стоматолог во ПЗУ ГУ – ДА Дент Скопје.
https://orcid.org/0000-0002-7169-6039
https://independent.academia.edu/IvanNacevski
Библиографија
Иван Нацевски, „Инверзијата на македонскиот земски грб во стематографиите на Жефаровиќ и Витезовиќ“, Христофор Жeфарович и неговото време, Струмица 2020, 131 – 151
Ivan Nacevski, „Инверзијата на македонскиот земски грб во илирскиот грбовник и стематографиите на Витезовиќ и Жефаровиќ – The inversion of the Macedonian land coat of arms in the Illyrian Armorial and the Stemmatographias of Vitezovic and Zhefarovic“, Мaкедонски хералд – Macedonian Herald, No 14 (2020), 3 – 25.
Ivan Nacevski, „Влијанието на делото „За ознаките“ од Џулио Чезаре Карпачо на илирската хералдика и македонскиот земски грб / The influence of Julio Cesare Carpaccio’s Delle Imprese on Illyrian heraldry and the Macedonian land coat of arms“, Мaкедонски хералд – Macedonian Herald, No 13 (2019), 3 – 15.
Ivan Nacevski, „Македонскиот територијално хералдички систем – Macedonian civic heraldry system“, Мaкедонски хералд – Macedonian Herald, No 11 (2018), 33 – 39.
Ivan Nacevski, „Блазон на лавот во припишаните грбови на Александар III Македонски- Blason of the lion in the attributed arms of Alexander III of Macedonia“, Мaкедонски хералд – Macedonian Herald, No 10 (2016).
Ivan Nacevski, „Односот помеѓу црвениот и златниот лав во делото „Грбовите на Македонија“ од академик Александар Матковски – The ratio between the lion gules and the lion or in the work „The Arms of Macedonia“ by academician Aleksandar Matkovski“, Мaкедонски хералд – Macedonian Herald, No 9 (2015).
Ivan Nacevski, „Шпанска воена хералдика – Spanish Military Heraldry“ , Македонски хералд – Macedonian Herald, No 8 (2014).
Јован Јоновски, Иван Нацевски, „Орел – Македонски хералдички речник“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 8 (2014)
Ivan Nacevski, “Хералдика на руските вооружени сили – Heraldry of the Russian Armed Forces“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 7 (2013).
Јован Јоновски, Иван Нацевски, „Лав – Македонски хералдички терминолошки речник“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 7 (2013).
Иван Нацевски, „Македонски вексилолошки терминолошки речник“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 7 (2013)
Ivan Nacevski, „Американските воени ознаки и Институтот за хералдика – American military insignia & The US Army Institute of Heraldry“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 6 (2012).
Јован Јоновски, Иван Нацевски, „Крст – Македонски хералдички речник“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 6 (2012)
Ivan Nacevski, „Воена хералдика – Military Heraldry“, Македонски хералд – Macedonian Herald, No 5 (2011).