5.5.2016

Доделени ордени за воени заслуги и постхумно медали за храброст

133156269-53825

Претседателот Ѓорге Иванов со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, а со „Медал за храброст“ посмртно ги одликува и осумтемина припадници на безбедносните сили на МВР кои на 9 мај 2015 година загинаа при антитерористичката операција во Куманово.