18.1.2011
Ото фон Хабсбург одликуван со Орден за заслуги за Македонија
На 18. Јануари 2011 година, Претседателот на Република Македонија Н.Е. Проф. др. Ѓорѓе Иванов го одликува НЦиКВ Принцот престолонаследник Ото фон Хабсбург син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург, со Орден за заслуги за Македонија. Орденот за заслуги за Македонија м…у се доделува за неговиот исклучителен придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија. Орденот во негово име го прими неговиот син НЦиКВ Надвојводата Герог од Австрија.