16.1.2011

Предавања за симболи и хералдика во основно училиште

Деновиве, Стојанче Величковски од МХЗ, беше поканет во Подрачното основно училиште Илинден во с. Конопница Крива Паланка,
Во својство на хералдички автор пред учениците да одржи едно предавање на тема Симболите и хералдиката.
Предавањето беше реализирано на 3 декември со цел учениците да ги прошират своите знаења за симболите и начинот на креирање на истите.
Од страна на наставникот Добри Јовевски имаа вовед за симболите на Република Македонија, учениците презентираа што успеале да пронајдат на темата на итернет.
Величковски (во својство на некогашен ученик во истото училиште) ја презентираше потребата за појавување на симболите, нивниот развој во историјата како денешната примена.
Исто така, на љубопитните учениции им беше презентирана хералдиката и основните хералдички правила за креирање на грбови и илустрации на примери од светската хералдика.
При тоа им беа покажани дел од грбовите и знамињата на општините, семејните и лични грбови, логоа, заштитени трговски марки што како автор ги изработил Стојанче Величковски како амблемот/грбот на Претседателот на Република Македонија и МПЦ каде што Величковски се јавува како коавтор.
Учениците се посебно се интересираа за симболиката на грбот и знамето на општина Крива Паланка.
На крај учениците ветија дека ќе креират сопствен симблол/амблем на одделението и декаќе воспостават on-line врска преку интернет за да го слушнат сугестиите и мислењето од хералдичкиот автор.