Прекршочна пријава за лоша интерпретација на химната
Јосипа Лисац заработи прекршочна пријава поради интонацијата на химната на Хрватска, за време на инаугурацијата на Зоран Милановиќ во Загреб, кога тој и официјално стана петтиот претседател на Хрватска.
Бошко Жупановиќ, правник и сопственик на порталот Либурнија ја поднел прекршочната пријава против пејачката, за казнено дело од член 349 на законот за прекршоци, односно поради повреда на угледот на Република Хрватска.
Во описот на пријавата тој навел дека Лисац користела потсмевливи тонови кои не се друштвено прифатливи:
-Ниту еден граѓанин нема право тонски, вокално или гестикуларно да ја намалува тежината и значењето на интонацијата на националната химна. Било какво уметничко извртување на текстуалната или музичка структура на химната е недозволиво. Такви модификации можат да бидат толерирани во препеви на други дела со согласност на авторот, но не и во химната.
Начинот на интонацијата на осомничената беше апсолутно потсмевлив, омаловажувачки, па затоа и излезе основата на сомнеж дека го сторила пријавеното казнено дело.
-Никој не смее да манипулира со химната. Посебно поради тоа што ова се случи за време на инаугурацијата на претседателот, настан кој што беше проследен од многу медиуми. Тоа беше исмејување на најлош можен начин.