16.5.2011

Постапка за заведување на грб во регистерот

Постапка за заведување на грб во регистерот на Македонското Хералдичко Здружение

1. Петиционерот поднесува барање на стандарден формулар – Петиција.
2. Доколку се бара заведување на грб по основ на наследство, како и заведување на хералдички измени на грбот, кон барањето се поднесува и дополнителна документација со која се докажува основот врз кои се темели барањето.
3. На барањето се врши хералдичка анализа.
4. При позитивен одговор од хералдичката анализа грбот се внесува во регистерот на грбови на Македонското Хералдичко Здружение, за што се издава извод од регистерот.
5. Изводот од регистерот е придружуван со Матрикула.
6. Петиционерот е должен сам да го приложи емблазонот кој ќе влезе во Матрикулата, освен ако е избрана техника за изработка на Матрикулата која бара специфично изработен емблазон.
7. Заведениот грб во регистерот на Македонското Хералдичко Здружение се објавува во следниот број на официјалниот гласник на Македонското Хералдичко Здружение, „Македонски Хералд“, како и на официјалната веб страница на Македонското Хералдичко Здружение.
8. Врачувањето може да биде изведено и во посебна цеременија, по барање на петиционерот.

Правила за заведување на грб во регистерот на Македонското Хералдичко Здружение

1. Заведување на грб во регистерот на Македонското Хералдичко Здружение се врши само на хералдички грбови кои ги задоволуваат хералдичките правила вклучувајќи го и правилото на уникатност и непретенциозност.
2. Македонското Хералдичко Здружение го задржува правото да не изврши заведување на грб во регистерот на Македонското Хералдичко Здружение.
3. Регистерот на Македонското Хералдичко Здружение има својство на јавен документ.
4. Македонското Хералдичко Здружение издава извод од регистерот и во својство на доказ на сопственост на даден блазон.
5. Изводот од регистерот на Македонското Хералдичко Здружение нема статус на јавна исправа и не е доказ за правниот или некој друг статус на армигерот.
6. Доколку армигерот го злоупотребува блазонот, во смисол на употреба на измени и надополнувања на блазонот кој е заведен, тоа може да доведе до бришење од регистерот на Македонското Хералдичко Здружение.