1 октомври – меѓународен ден на вексилологијата
На 1 октомври се прославува меѓунардониот ден на вексилологијата. На тој ден 1961 година беше објавен првиот вексилолошки гласни, Flag Bulletin, од страна на Герхард Грал и Витни Смит.
На сликата е претставено реконструкција на знамето на Методиј кога управувал со регионот околу Струмица (845-855) од Музејот во Струмица. Ова црвено знаме со златен крст, пред кое ги покрстувал струмјаните кои сè уште не биле христијанизирани.[1]
Во Источното Римско Царство, знамињата во средовековието биле под силно влијание на црквата и на нив најчест симбол бил крстот. Во истиот период, во текот на владеењето со Македонија Борис (852-889) испратил писмо до папата Николај I прашувајќи какво знаме да се вее. Во одговор, папата пишува, какво друго знаме освен со знакот на светиот крст, објаснувајќи дека Константин Велики го ставил крстот на црвено знаме. Ова ни дава насоки дека најголемиот број знамиња од тој период биле со крст.[2]
[1] Бранко Панов, „за Методиевото словенско кнежество и создавањето на Закон судниуј Лудјам“, Зборник, Кирило-методиевскиот период и традициите во Македонија, МАНУ, Скопје 1988, 290.
[2] „Отговорите на папата Николай I към княз Борис“, Извори за Блгарската история, II, София,1960, 87-88.