50 години од популаризацијата на Лавот како земски грб на Македонија
Пред 50 години, на 11 октомври 1968 година, во списанието „Журнал“ беше објавен текст во кој за првпат јавно е објавено постоењето на земските грбови на Македонија. Текстот со наслов „Македонскиот грб од XIV век“ не е потпишан, но Алексдандар Матковски смета дека автор е Славко Димовски.
Во написот се пренесени детали и фотографии од Фојничкиот грбовник.
Со овој напис започнува процесот за популаризација на илирската хералдика и земскиот грб на Македонија кој ќе биде крунисан со книгата на Александар Матковски „Грбовите на Македонија“. Во следните неколку години и Димевски и Матковски ќе објавуваат написи и статии за земскиот грб, што ќе доведе и до своевиден спор, кој прв го открил земскиот грб на Македонија. Инаку прв кој ќе пишува за земскиот грб е Стејапан Антољак кој во универзитетскиот учебник „Помошни историски науки“ од 1966 ќе го спомене постоењето на земскиот грб на Македонија како црвен лав на златно поле и обратно, при тоа не заземајќи страна кој од нив е вистинскиот.