31.12.2023

82 години од химната „Денес над Македонија се раѓа“

„Денес над Македонија се раѓа“, за првпат изведена на пречекот на новата 1942 година во Струга, од Владо Малевски и музичарот Стефан Опетчески пред 28 припадници на НОВ на тајната средба. Автор на текстот е Владо Малески. Во јуни 1943 година свое место наоѓа во првата партизанската збирка „Македонски народно-ослободителни песни“, во која на прво место во својство на химна се наоѓа „Изгреј зора на слободата“. Композиторот Тодор Скаловски направил аранжман на мелодијата, и за првпат тонски ја запишал, а во септември 1944 година на слободната територија во Горно Врановци партизански хор, за првпат ја изведе ‘Денес над Македонија се раѓа’, под диригентската палка на Властимир Николовски.
Иако „Денес над Македонија се раѓа“ се изведуваше како химна речиси на секоја свеченост низ Македонија, нејзиниот пат до официјализација како химна на Република Македонија беше долг. Во Уставите на НРМ од 1946 и 1963 година химна воопшто не се споменува. Дури во Уставот на СРМ од 1974 год., член 10, вели „Социјалистичка Република Македонија има химна“, но не дава други детали која е таа химна.
Конечно, со уставните амандмани од 14 април 1989, со амандманот XXIV, се заменува членот 10 од Уставот на СРМ со текстот: „Химна на Социјалистичка Република Македонија е ‘Денес над Македонија’.“ Со што таа конечно добива официјлна позиција.
На седницата одржана на 11 август 1992 година е усвоена за химна на Република Македонија.