17.10.2011

Доделување Орден „8 Септември“ на Емирот од Катар, Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани

Претседателот Иванов го одликува Шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани, Емир на Катар со орден „8-ми Септември“ за неговите заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како и за особениот придонес и посветеност кон развојот и унапредувањето на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.