1.1.2020
Грбот на Македонија на календарот за 1947
Слика од календарот за 1947 година, објавен во „Нова Македонија“ неколку денови пред новата година. Обликот на грбот е преоден од првичниот од Законот за грб до конечната верзија која ќе опстане од 1947 до 2009 кога е отстранета петокраката ѕвезда.
Со уставот од 31.12.1946 во членот 3 се дефинира грбот на Народна Република Македонија. Текстот е ист како од Законот за грб донесен 6 месеци порано, со таа разлика што го нема текстот „Н.Р. Македонија“ од лентата.