4.6.2024

Изложба Македонија во светот на хералдиката

По повод 10 јуни, светскиот ден на хералдиката, Македонското грбословно друштво и Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш, организира изложба со наслов „Македонија во светот на хералдиката“ во Градската галерија во Радовиш. На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век.

Отворањето на изложбата е на 10 јуни во 20 часот во кое ќе има пригодна културна програма.