1.7.2023

Изложба на амблеми и значки од командите и единиците на АРМ (1992-2019)

Во рамки на одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.пешадиска бригада на Армијата, нашиот член Трајче Трајков во касарната во Петровец организираше изложба на амблеми и значки од командите и единиците на АРМ (1992-2019). Пред присутните беа презентирани 600 ознаки од личната колекција, а за целокупниот ангажман Трајче Трајков од командантот на бригадата доби плакета и пофалница.