28.3.2011

Орден за Државниот Архив

drzavenarhiv

На 28. Март 2011 година, со Орден за заслуги за Македонија, претседателот на Република Македонија го одликува Државниот архив на Република Македонија за исклучителните резултати во долгогодишното вршење на својата дејност за зачувување и заштита на архивската граѓа, а со тоа и документирање на минатото како сведоштво на историјата на Република Македонија и нејзина афирмација во светот. Орденот му беше врачен на директорот на Државниот архив на Македонија г. Зоран Тодоровски на 30. Март 2011 година, на свечена церемонија во свечената сала во претседателската резиденција, од страна на претседателот на Републиката Н.Е. Проф. д-р Ѓорѓе Иванов.