5.7.2025

Отворање на изложбата во Скопје

Македонското грбословно друштво Ве поканува на отворање на изложбата
„Македонија во светот на хералдиката“
На 10.7.2025 (четврток), во Музејот на Македонската борба во 19:30
Автори на изложбата се д-р Иван Нацевски и д-р Јован Јоновски, додека ликовното уредување на Димитриј Михајловски. Промотор е Ставре Џиков.
На изложбата се претставени историски грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 век, се до современи институционални, општински и приватни грбови.
д-р Јован Јоновски
Претседател и главен хералд
Македонско грбословно друштво