27.11.2005

Почетоците 2003- 2005

Интересот за хералдиката во Македонија се зголемува во последниве години.  Како главни промо­тори за овој интерес се книгата “Грбовите на Македони­ја”, од Александар Матковски и веб страни­цата “Хералдика во Македонија” од Јован Јоновски.
Книгата “Грбовите на Македо­ни­ја” е објавена 1970. Таа го обратува  присуството на Македонскиот грб во неколку грбовници кои се наоѓаат на тери­торијата на тогашна Југославија. Делот за хералдиката е мошне штур.
Главната идеја на книгата, покрај, изнесените податоци за присуството на македонскиот грб, е дека истиот е производ на фантазијата на Петар Охмуче­вич, кој ги користел овие фабрикувани факти за да го докаже својот благороднички факт.
Сепак, оваа книга не го затвара прашањето за македонскиот грб, туку напротив само го отвора. Останува уште обемна истра­жу­ва­чка работа на сите оние извори кои Матковски не ги истражил.
Вториот промотор за интересот за хералдиката во денешно време е сајтот Хералдика во Македонија (хералдрѕ.мол.цом.мк) чиј автор е Јован Јоновски, и кој опстојува од 2000г.  Тој го обработува праша­њето на македонскиот грб некогаш и сега. Понатаму на неа се наоѓаат грбови кои се користат во Македонија и тоа, територијални, корпоративни и лични. Воедно има и информации за херал­диката воопшто.
Околу вториот столб се собра критичната маса за едно поорга­ни­зира­но дејствување, па така летото 2003 г. беше основано Македонското Хералдичко Здру­­же­ние, за да го пополни вакуумот во оваа сфера. Главната цел на здружението е да се подигне хералдичката свест, која е на многу ниско ниво, што може и да се потврди со решенијата за т.н грбови на општините, кои и немаат баш некава врска со хералдиката. И најгорливото прашање, Македо­нија с# уште е без грб, иако поминаа 14 години. Причината за оваа состојба пред се треба да се бара во целосното непознавање на Херал­диката од страна на оние што можат и треба нешто да превземат.
Главната цел се остварува преку конкретните цели:
1. Популаризација на Хералди­ката.
2. Истражување на хералдичкото наследство во и поврзано со Македонија.
3. Изработка на грбови, знами­ња, одликувања.
4. Оформување на хералдички регистер во кои се заведуваат стари и нови хералдички достигнувања (грбови, знамиња, беџеви)
5. Едукација од областа на хералдиката
6. Издавачка дејност

Од досегашните активности би ги издвоиле следниве:
Предавање на тема месната хералдика во Франција, гостин предавач хералдичарот Андре Воциал од Франицја.
Учество на конкурсот за ордени и добиена прва награда за идејното решение за орденот за заслуги на Република Македо­нија, Петар Гајдов, секретар на МХЗ.
Изработка на копии на печати за меморијалниот центар во Пелинце и во Собранието на РМ, во соработка со Музејот на Македонија и фирмата АГЕНС.
РЕГИСТЕР
МХЗ има формирано и регистер на хералдички достигнувања во кој се регистрираат стари и нови грбови. За регистрираните грбови, МХЗ издава и соодветна матрикула. На страниците на Македон­ ски Хералд како гласник на МХЗ ќе се објавуват регистрираните хералдички достигну­вања во периодот меѓу два броја.

(Македонски хералд број 1, 2005)