Првите чекори 2005-2007
Последниот број на Македонски Хералд беше промовиран на предавањето насловено “Чудесниот свет на Хералдиката” одржано во Музеј на Македонија во мај 2005. Веднаш потоа, МХЗ го крена гласот против кршењето на основниот концепт на хералдиката, потоа преземен до вексилологијата, дека едно знаме не може да преставува два титулара во исто време, што беше предложено од тогашната влада како решение на проблемот со знамињата на малцинствата. МХЗ излезе со предлог за минимални измени (диференцијација) на знамињата на матичните држави кои ќе ја покажат припадноста на малцинството но и на идентитетот на коносител на сувереноста на Република Македонија. По пресконференцијата следеа многу написи во весниците и настапи на телевизија во разни информативни дебатни емисии, со што популарностана МХЗ го досегна својот врв.
Друг важен момент е вклученоста на МХЗ во обидот за хералдизација на векеусвоениот предлог за грб на општина Бутел. МХЗ заедно со авторот и општинската администрација која покажа зрелост и спремност да се реши овој проблем дојде до прифатливо решение, но за жал Советот на општината сметаше дека е доволно компетентно да решава по оваа тема и сите напори паднаа во вода. Се надевавме дека барем Бирото за заштита на индустриска сопственост ќе го препознае македонскот знаме во дадениот предлог и ќе се повика на законот, но за жал и тоа не се случи. Така сите наши напори пропаднаа во вода.
Нашата активност продолжи во истата насока со тоа што беше побарано од Град Скопје да се достави предлог за хералдизација на сегашниот грб на градот Скопје, но без да се менува воопшто концептот на постојниот грб. МХЗ даде два предлога, од кој едниот беше потполна хералдизација а другиот интервенција од областа на хералдичката уметност.
Еден важен аспект на активностите на МХЗ на меѓународен план. МХЗ ја даде целокупната подршка на своите колеги од Бугарија, која резултираше со логистичка подршка за основање на Бугарското Хералдичко и Вексилолошко Друштво. На основањето на БХВД беше присутен и претседателот на МХЗ. На собранието на годишнината на БХВД, МХЗ учествуваше со трочлена делегација.
МХЗ преставувано од претседателот присуствуваше и на оснивањето на Хрватското Хералдичко и Вексилолошко Друштво, со кое развива стручна соработка и пријателски односи, кои беа продлабочини со посетата на потпретседателката на МХЗ.
Потпретседателката на МХЗ ги посети и Колегиумот на грбови (Цоллеге оф Армс) и Хералдичкото друштво (Тхе Хералдрѕ Социетѕ) во Лондон, каде оствари нови и ги утврди старите контакти.
МХЗ се подготвува за заедничкиот проект со одделот за едукација на Музејот на Македонија за предавања и работилници за хералдиката. На овие предавања се очекува да земат учество и експерт од регионот и пошироко.
(Македонски Хералд број 2, 2007)