7.10.2011

Во Букурешт постхумно ја одликува Лиана Думитреску со Орден за заслуги за Македонија

Денеска во Букурешт, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, постхумно ја одликува Лиана Думитреску, првиот претставник на Македонците во романскиот Парламент, со Орден за заслуги за Македонија. Думитреску е одликувана со ова највисоко признание за нејзината посветеност кон македонската заедница и унапредувањето на македонско-романските односи. Орденот за заслуги за Македонија и беше врачен на нејзината мајка Константина Думитреску, актуелен претседател на Асоцијацијата на Македонците во Романија.