XXIII Колоквиум на Меѓународната академија за хералдика во Јаш, Романија
Во периодот од 27 до 30 август 2025 година, во градот Јаш — историската престолнина на Молдавија и културно срце на Романија — се одржа XXIII колоквиум на Меѓународната академија за хералдика (Académie Internationale d’Héraldique). Настанот беше организиран од страна на Романскиот институт за генеалогија и хералдика „Север Зота“ (Institutul Român de Genealogie şi Heraldică „Sever Zotta“), за што се погрижија д-р Михај-Богдан Атанасиу aig, д-р Тудор-Раду Тирон AIH и Драган- Георге Барараба aih. Професионалната и извонредна организација на настанот овозможи научна, но и пријателска атмосфера.
Колоквиумот се одржа под покровителство на Кралското семејство на Романија, во партнерство со Националниот музејски комплекс „Молдавија“ и Универзитетот „Александру Јоан Куза“. Предавањата, посветени на хералдиката, беа презентирани во Дворецот на културата и Универзитетскиот дом — познатата Куќа Кантакузин.
Македонското грбословно друштво (МГД) беше претставено од главниот хералд, д-р Јован Јоновски кој во претпознатливиот табард го презентираше трудот: „Помеѓу Конастантинопол и Виена: регоинални специфики на грб даден на семејство со потекло од Македонија“ за Семејството Белио од Линотопи и Москопле чии истакнати членови живееле и работеле во Виена и Букурешт. Вардарскиот хералд д-р Иван Нацевски го презентираше трудот: „Грбот на семејството Мрњавчевиќ во илирската хералдика“. Од почесните членови на МГД, учествуваа и д-р Стојан Антонов од Бугарија, д-р Агне Рајлајте Барде од Литванија и д-р Тудор Раду Тирон од Романија. На колоквиумот учествуваше и д-р Снежана Филипова.
Изложените истражувања и споделените идеи повторно го истакнаа значењето на хералдиката како дел од нематеријалното културно наследство на Европа, но и како неповторлива форма на лична и заедничка идентификација.
На генералното собрание на Меѓународната академија за хералдика, д-р Јоновски од придружен, беше примен за редовен член на академијата. Дополнително од страна на Романскиот институт за генеалогија и хералдика „Север Зота“ му беше доделено одличието „Север Зота“ за истражување на хералдиката поврзани со Романија.Во периодот од 27 до 30 август 2025 година, во градот Јаш — историската престолнина на Молдавија и културно срце на Романија — се одржа XXIII колоквиум на Меѓународната академија за хералдика (Académie Internationale d’Héraldique). Настанот беше организиран од страна на Романскиот институт за генеалогија и хералдика „Север Зота“ (Institutul Român de Genealogie şi Heraldică „Sever Zotta“), за што се погрижија д-р Михај-Богдан Атанасиу aig, д-р Тудор-Раду Тирон AIH и Драган- Георге Барараба aih. Професионалната и извонредна организација на настанот овозможи научна, но и пријателска атмосфера.
Колоквиумот се одржа под покровителство на Кралското семејство на Романија, во партнерство со Националниот музејски комплекс „Молдавија“ и Универзитетот „Александру Јоан Куза“. Предавањата, посветени на хералдиката, беа презентирани во Дворецот на културата и Универзитетскиот дом — познатата Куќа Кантакузин.
Македонското грбословно друштво (МГД) беше претставено од главниот хералд, д-р Јован Јоновски кој во претпознатливиот табард го презентираше трудот: „Помеѓу Конастантинопол и Виена: регоинални специфики на грб даден на семејство со потекло од Македонија“ за Семејството Белио од Линотопи и Москопле чии истакнати членови живееле и работеле во Виена и Букурешт. Вардарскиот хералд д-р Иван Нацевски го презентираше трудот: „Грбот на семејството Мрњавчевиќ во илирската хералдика“. Од почесните членови на МГД, учествуваа и д-р Стојан Антонов од Бугарија, д-р Агне Рајлајте Барде од Литванија и д-р Тудор Раду Тирон од Романија. На колоквиумот учествуваше и д-р Снежана Филипова.
Изложените истражувања и споделените идеи повторно го истакнаа значењето на хералдиката како дел од нематеријалното културно наследство на Европа, но и како неповторлива форма на лична и заедничка идентификација.
На генералното собрание на Меѓународната академија за хералдика, д-р Јоновски од придружен, беше примен за редовен член на академијата. Дополнително од страна на Романскиот институт за генеалогија и хералдика „Север Зота“ му беше доделено одличието „Север Зота“ за истражување на хералдиката поврзани со Романија.