Општина Демир Хисар
Грб на урбана општина

Заведен под број 3/2015 на 10.10.2015 година

Блазон

Штит
Лево брановидно скосен на црвено и црно. Врз отворена сребрена книга со златен повез вкрстени сребрен бодеж со златна рачка и златна кубура со сребрена цевка. Во основа златна тројна дабова гранка

Круна
Златна бедемска круна со три кули ѕидана златно, на средишната кула порта

Венец
Две букови гранки природно обоени на дното поврзани со црвена лента

Блазон
Стојанче Величковски

Емблазон
Стојанче Величковски

Симболика

Кубурата – појасно огно-стрелно оружје на македонските комити, камата – македонскиот бајонет и библијата, кои се симболи на брсјачко-мијачката непокорност. Во основата се наоѓаат три гранчиња од македонски даб (Quercus macedonica).