Постапка за заведување на грб во регистарот на Македонското грбословно друштво

1. Петиционерот поднесува барање на стандарден формулар – Петиција.

2. Доколку се бара заведување на грб по основ на наследство, како и заведување на хералдички измени на грбот, кон барањето се приложува и дополнителна документација со која се докажува основот врз кој се темели барањето.

3. На барањето се врши хералдичка анализа.

4. При позитивен одговор од хералдичката анализа грбот се внесува во регистарот на грбови на Македонското грбословно друштво, за што се издава извод од регистарот.

5. Изводот од регистарот е придружен со матрикула.

6. Петиционерот е должен сам да го приложи емблазонот кој ќе влезе во матрикулата, освен ако е избрана техника за изработка на матрикулата која бара специфично изработен емблазон.

7. Заведениот грб во регистарот на Македонското грбословно друштво се објавува во следниот број на официјалниот гласник на Македонското грбословно друштво, „Македонски хералд“, како и на официјалната веб страница на Македонското грбословно друштво.

8. Врачувањето може да биде изведено и во посебна церемонија, по барање на петиционерот.

Преземете Петиција за заведување на  лично/семејно хералдичко достигнување и дополнителен формулар за симболика на хералдичкото достигнување
Документите можете да ги пополните електронски.

 

Правила за заведување на грб во регистарот на Македонското грбословно друштво

1. Заведување на грб во регистарот на Македонското грбословно друштво се врши само на хералдички грбови кои ги задоволуваат хералдичките правила, вклучувајќи го и правилото на уникатност и непретенциозност.

2. Во регистарот на Македонското грбословно друштво се заведуваат само граѓански грбови и не се признаваат странски титули и симболи на ранк.

3. Македонското грбословно друштво ги признава само ордените и медалите на Република Македонија.

4. Сите дополнителни параферналии, како и аугментации и знаци на каденција мора да бидат документирани при заведувањето во регистарот на Македонското грбословно друштво.

5. Македонското грбословно друштво го задржува правото да не изврши заведување на грб во регистарот на Македонското грбословно друштво.

6. Регистарот на Македонското грбословно друштво има својство на јавен документ.

7. Македонското грбословно друштво издава извод од регистарот и во својство на доказ на сопственост на даден блазон.

8. Изводот од регистарот на Македонското грбословно друштво нема статус на јавна исправа и не е доказ за правниот или некој друг статус на армигерот.

9. Доколку армигерот го злоупотребува блазонот, во смисол на употреба на измени и надополнувања на блазонот кој е веќе заведен, тоа може да доведе до бришење од регистарот на Македонското грбословно друштво.