За нас

Здружението за хералдика, вексилологија и фалеристика МАКЕДОНСКО ГРБОСЛОВНО ДРУШТВО се занимава со хералдика, вексилологија, фалеристика, шивалристика и нобиларни прашања во Македонија, и ја продолжува традицијата на Македонското Хералдичко Здружение (2003-2018).

Почетоци

Во текот на 2000 година, се јавува и веб страницата „Хералдика во Македонија” од Јован Јоновски, која објавува грбови и исечоци од книгата на Матковски, на англиски и македонски јазик. Страницата набргу е надополнета со грбови кои се користат во Македонија и тоа, територијални, корпоративни и лични. Сајтот почнува да објавува и информации за историската, теориската и хералдиката воопшто. Околу веб страницата се собра група заинтересирани, и летото 2003 г. беше основано Македонското хералдичко здружение кое работеше до 2018 година.

Цели

Целите на здружението се:

1. Популаризација на Хералдиката.

2. Истражување на хералдичкото наследство во и поврзано со Македонија.

3. Изработка на грбови, знамиња, одликувања.

4. Хералдички регистер во кои се заведуваат хералдички достигнувања (грбови, знамиња, беџеви)

5. Едукација од областа на хералдиката

6. Издавачка дејност

Активности

Македонското грбословно друштво ги продолжува следните активности:

  • Популаризацијата на хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.
  • Истражувања хералдичкото, вексилолошкото и фалеристичкото наследство поврзано со Македонија.
  • Издавање на Македонски хералд -гласник кој е двојазичен, англиски и македонски и со меѓународен уредувачки одбор.
  • Одржување на регистерот на хералдички достигнувања на МХЗ.
  • Изработка на грбови, знамиња и одликувања.
  • Одржување на месно-хералдичкиот систем за територијални и општински грбови на МХЗ.

Извршен одбор

Претседател – д-р Јован Јоновски, член на комисијата за одликувања на Претседателот на Република Македонија (2009-2019), член на Меѓународната комисија за витешки редови, вонреден член на Меѓународната академија по хералдика.

Потпретседател – д-р Иван Нацевски, доктор по стоматологија и хералдичар.

Секретар – генерал м-р Павле Арсоски, генерал на АРМ, докторанд на Институт за национална историја на Воена историја на Македонија.