Хералдика

Најкратко, хералдиката е наука за грбот.

Но ова е навистина кратка дефиниција. За да се разбере подобро, можат да се употребат и следниве дефиниции:

Хералдика е систем на  грбови кои се наследни ознаки, насликани на штит, според одредени правила.

Хералдика е науката која го истражува тој систем и неговиот историски развој.

Хералдиката е севкупност на грбови определена преку некои критериуми.

Хералдиката е социо-културен феномен, кој се родил во западноевропското феудално општество, веројатно во содејство со истокот.

Хералдиката е интердисциплинарна наука коj опфаќа покраj историjа, уметност, право, филозофиjа итн.

Како систем на симболи кои пренесуват информација, освен како текст во рицарските турнири, хералдиката оформува и еден метатекст на односи: Слобода (со право на носење оружје), сопственост (и неговата наследност). Единствено слободните субјекти на правото имаат право на грб, а механизмот за давање и добивање грб е во надлежностите на повисоките хералдички власти. Затоа грбот е правна институција и наважен знак за идентификација. Затоа занимавањето со ликовни симболи ја става хералдиката на посебно место во науката и уметноста.

Хералдиката се занимава со систем на наследни симболи, систем настанат во Европа во 12 век. Хералдиката имала свои успони и падови, била воздигана и била негирана. За некои е безвременски јазик на симболи, други, пак ја прогласувале за мртва веќе многу векови. За едни била тајна предавана од колено на колено, за другите пак, кои не ја познаваат, само интересни сликички.

Хералдиката се дели на:

  1. Историска хералдика, која се занимава со историскиот развој на посебни грбови, или  она што историчарите милуваат да го наречат помошна историска наука
  2. Теориска хералдика, која се занимава со прашањата на ситематизација на правилата, законитостите, терминологијата на грбот, како основен постулат на хералдиката, и
  3. Практичната хералдика, која се занимава со практично креирање на грбови  и хералдички достигнувања.